Осумдесет и шест милиони евра ќе бидат пренаменети за реконструкција на 26 регионални патни правци во вкупна должина од 422 километри.
Пренамената на средствата е на предлог на Министерството за транспорт и врски, кој, како што соопшти владината служба за информирање, Владата го прифатила на денешната седница.