СДС, Заев и Спасовски ги спроведоа најнерегуларните и најнедемократските избори во Република Македонија. Во текот на изборниот процес и во двата изборни круга се забележани огромни нерегуларности, индиции за поткуп на гласачи, партиско агитирање, притисоци, закани и уцени од униформирани и неунифромирани лица, физичка пресметка, организирање на т.н. бугарски воз, односно ставање на однапред заокружени ливчиња, гласачко ливче од Гази Баба е пронајдено на гласачко место во Штип.

Дополнително загрижува фактот што медиумите секојдневно излегуваат со нови докази за изборни криминали кои што ги вршеа партиските активисти на СДС, а Спасовски и МВР молчат и бегаат од одговорност.

СДС, Заев и Спасовски буквално ја узурпираа полицијата во служба на партијата. Министерството за внатрешни работи е ставено во функција и одработува согласно партиските инструкции на Заев и Спасовски.

СДС и Заев го узурпираа и корумпираа медиумскиот простор во Република Македонија, со што не се исполнија ни минимум стандардите за фер и еднакво учество на сите учесници во изборниот процес.

Локалните избори во Република Македонија се пример за злосторничко здружување и целосна узурпација на државните институции во корист на СДС, Зоран Заев и Оливер Спасовски.

Македонија стана школски пример дека мафијата, криминалот, корумпираноста и разбојништвото имаат своја држава.

Заев и Спасовски на сметка на својата политичка кариера го држат во заложништво Министерството за внатрешни работи.

СДС и Заев ја срушија демократијата и демократските процедури и организираа изборен фалсификат со што ја погазија волјата на граѓаните.

Граѓаните се заложници на политиките на највисокото партиско раководство на СДС, кои за да ја зачуваат својата позиција, свесно и наштетуваат на сопствената држава и сопствениот народ.

Само едно е сигурно овие избори оставија црна дамка во историјата на Република Македонија.



Автор: Администратор
Објавено на: 31/10/2017 22:45