Лидерот на Алијансата за Албанците нема да се повлече од претседателското место во партијата иако загуби на изборите за градоначалник на Струга. Села го покани лидерот на ДУИ, Али Ахмети, на изборен мегдан на државно ниво.

Во изјавата за Алмакос, тој вели дека е убеден дека ако СДСМ и ДУИ ќе се тркаат заедно на предвремените парламентарни избори и сигурно ќе доживеат пораз.

– Алијансата и Беса ќе настапат заедно и на претстојните парламентарни избори и заедно ќе ја однесеме ДУИ во опозиција, вели Села.

Според него, коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ не доаѓа предвид.

-Не навредувајте ме, ова е јазикот што ДУИ и Зоран Заев неодамна го користеа, рече Села.

Од движењето Беса немаме добиено одговор за судбината на Билал Касами по поразот на изборите за градоначалник на Тетово, кој изгуби од од кандидатката на ДУИ, Теута Арифи. Тие не сакаа да коментираат ниту за причините за неуспехот на Касами во Тетово.

Во меѓувреме, местото на Билал Касами во Собранието денес официјално ќе го преземе Неџбедин Каремани.



Автор: Администратор
Објавено на: 31/10/2017 22:48