Едно лице е уапсено во полициска акција по престрелка или удар на возило во пешаци на Менхетн, јавуваат американските медиуми.
Според првичните извештаи, комбе на патека за велосипеди прегазило десетина луѓе. Во еден момент најверојатно е стрелано и од оружје, но засега не е јасно кој пукал.
Според онлајн изданието на „Њујорк Тајмс“, претставник на полицијата соопштил дека има неколку жртви.
На социјалните мрежи објавено е видео на кое се гледаат тела и велосипеди на велосипедска патека.