Американскиот претседател Доналд Трамп вечерва оцени дека денешниот напад во Њујорк, при кој загинаа осум лица, е дело на „многу болен и ненормален човек“.

- По се изгледа, уште еден многу болен и ненормален човек изврши напад во Њујорк. Безбедносните служби внимателно ја следат состојбата. НЕ ВО САД, објави Трамп на Твитер.

Неговата сопруга Меланија Трамп, исто така на Твитер, објави дека „срцето и е скршено“ поради она што се случи во Њујорк.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/11/2017 02:30