„Катар ервејс“ ја прославува својата 20 годишнина нудејќи неверојатни цени за економска и бизнис класа, а на 20 среќни добитници им нуди членство во Privilege Club Gold и попусти до 50 отсто на билети за да си изберат дестинации кои се наменети за членовите на клубот преку нејзината растечка глобална мрежа.

Од 1 до 10 ноември 2017 година во рамки на специјалната промоција на 20-годишнината авиокомпанијата нуди два билети за бизнис класа по цена од еден и три билети за економска класа по цена од два. Овие ексклузивни понуди важат за периодот на патување помеѓу 1 ноември 2017 и 31 октомври 2018 година.

- Воодушевени сме да што ја започнавме оваа спектакуларна светска промоција во прославата на нашата 20 годишнина. Ова е многу посебна година за враќање на нашите лојални патници и затоа сме задоволни да понудиме фантастични цени во економската и бизнис класа, за да се осигуриме дека тие исто така може да ни се придружат во прославата на 20 успешни години на кампањата Going Places Together, изјави главниот комерцијален директор на „Катар ервејс", Ехаб Амин.

Тој појасни дека патниците од целиот свет можат да ги искористат предностите на овие навистина единствени понуди за да го планираат нивното следно бизнис патување или одмор, преку глобална мрежа на компанијата, која опфаќа повеќе од 150 дестинации.

Во рамки на промоцијата на 20 годишнината „Катар ервејс“ од 26 октомври почна 20 дневна кампања на своите канали на социјалните медиуми од 26 октомври 2017 година. #20ReasonsToFly ги прикажува најголемите достигнувања на "Катар ервејс" во изминатите 20 години.

Авиокомпанија изминатите месеци лансираше глобални промоции вклучувајќи ја и кампањата „Летај со најдобрата авиокомпанија во светот”, со која ја прославува наградата „Скајтракс" за најдобра авиокомпанија, како и кампањата „Глобален патувачки бутик“ , која им понуди на патниците можност да освојат неверојатни мега награди еднаш во животот, вклучувајќи ја и можноста да летаат бесплатно до која било дестинација во широката глобална мрежа на авиокомпанијата во текот на една година.

„Катар ервејс“ додаде бројни возбудливи нови дестинации во својата мрежа во 2017 година вклучувајќи ги Окленд, Нов Зеланд, Даблин, Ирска, Ница, Франција и Прага.

Авиокомпанијата ќе додаде уште многу возбудливи дестинации во својата глобална мрежа во 2018 година, вклучувајќи ги и Канбера, Австралија, Санкт Петербург, Русија и Кардиф, Велика Британија.

Националниот авиопревозник на Катар е еден од најбрзо растечките авиокомпании, а во неа е вклучена една од најмладите флоти во светот. Сега во својата дваесетта година на работење „Катар ервејс“ има модерна флота од 200 авиони, кои летаат кон дестинации за бизнис и одмор на шест континенти.

Наградуваната авиокомпанија доби повеќе признанија оваа година, вклучувајќи и „Авиокомпанија на годината" од престижните награди на Skytrax World Airline Awards од 2017 година, што се одржа на Париското авио шоу. Ова е четврти пат на „Катар ервејс“ да му се додели глобално признание.

Покрај тоа што беше прогласен за „Најдобра авиокомпанија на светот“ од патници од целиот свет, националниот авиопревозник на Катар, исто така освои и други главни награди на церемонијата, меѓу кои и „Најдобра авиокомпанија на Блискиот Исток“, „Најдобри бизнис класа во светот“ и „Најдобри авиокомпании во светот “.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/11/2017 16:10