Македонија се враќа во мрачните времиња на криминалната приватизација, економското помрачувањето кое го донесе СДС ги донесе првите последици во Кавадарци. Катастрофалните економски политики на Заев, на Тевдовски и на Анѓушев ја зема и првата жртва и ја однесоа во стечај првата фабрика. Велешкиот суд и официјално ја активираше стечајната постапка и експресно назначи стечаен управник за некогашниот гигант во металуршката индустрија Фени индустри.

Назначениот стечаен управник, Мирослав Анастасиевски, од информациите и од документите објавени во медиумите може да се види дека е најголем поединичен донатор на СДС во изборната кампања за парламентарните избори во декември минатата година, со донирани 123.000 денари. Имено истиот е и близок пријател со Зоран Заев и со Соња Лукаревска, директорката на УЈП.

Дали финансирањето на СДС и пријателството со Заев е главен услов поради кој го доби милионскиот имот на Фени со кого ќе располага во идниот период.

Ветерот и маглата кои Бетиан Китев и Анѓушев им ги продаваа на кавадарчани во предизборието се само потврдија со оваа одлука. Лагите и манипулациите за да се купи глас повеќе нема да им го вратат лебот и работното место на илјадниците граѓани кои ќе останат без работа.

Илјадници граѓани на Кавадарци ќе останат без парче леб и извор на егзистенција благодарение на неспосбноста на црната економска тројка Заев, Анѓушев и Тевдовски. Само во комбинатот има илјада вработени кои благодарение на СДС ќе ги загубат своите работни места, но тоа не е малку, дополнително загрижува фактот што превозници и компании со кои комбинатот соработува доколку се затвори Фени ќе станат непрофитабилни и приморани и тие да ги отпуштат своите вработени, а тоа се над 400 луѓе.

Фени индустри како општествено одговорна компанија го спонзорираше и спортот во Кавадарци, кој сега ќе остане без еден од своите најголеми финансиери.

Олигарсите во СДС кои се збогатија купувајќи намерно обезвреднети македонски компании за ефтини пари се вратија повторно да го спроведат лукративниот економски модел.

Без трошка грижа за граѓаните СДС, земајќи ги во предвид само бизнис интересите на нивните олигарси тие се спремни целосно да го обезвредат некогаш профитабилниот металуршки гигант Фени за некој налик на газда Кочо да го купи за мали пари. Граѓаните ќе останат без извор на егзистенција, а олигарсите ќе ги бројат своите милиони.

Срамно е ова што го прави СДС, партија која се декларира како Социјал Демократска, партија која наводно сака рамноправност во општеството. Но што можат да очекуваат граѓаните од влада составена од милионери кои немаат чувство што се случува во вистинскиот свет, со луѓе кои не работеле работа ниту ден физичка во својот живот, што да очекуваат од луѓе кои незнаат што значи да немаш пари да преживееш до крајот на месецот.

Граѓаните паметат и ќе го казнат СДС за сите катастрофални економски политики кои паѓаат на грбот на народот.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/11/2017 18:34