Кинеските власти ја разгледуваат можноста за воведување казна затвор од три години за оние кои во јавност покажуваат непочитување на кинеската химна и на знамето.

Кинеските медиуми пренесуваат дека во иднина ќе биде забрането интонирање на химната на погреби, во реклами, на несоодветни приватни настани, како и на јавните места.

Според новиот закон, и намерното менување на текстот на „Маршот на волонтерите“ ќе се смета за непочитување на кинеската химна.

Интонирање на химната ќе биде дозволена само за време на важни политички настани, на церемонии за подигнување на знамето, при доделувањето награди, на свечено положување заклетви, комеморации, национални прослави, како и за дипломатски прилики. За спортските и другите настани, Владата ќе оцени дали е соодветно да биде интонирана химната.

Во септември во Кина беше донесен закон, со кој се предвидува 15-дневен притвор за оние кои се потсмеваат на националната химна, а тоа исто така важи и за кинеските територии Хонг Конг и Макао.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/11/2017 20:11