Вербалната војна меѓу американскиот претседател и лидерот на Северна Кореја, која трае со месеци, повторно е актуелизирана, во пресрет на азиската турнеја на Доналд Трамп.

– Трамп ја откри пред светот својата вистинска природа на нуклеарен воен манијак и има дијагноза на „неизлечиво ментално растроена личност“, објави севернокорејската новинска агенција КЦНА.

Агенцијата оцени и дека американскиот претседател е „мајстор за навредување“. – Апсолутно му се потребни лекови за да го лекува тоа психичко нарушување, оцени агенцијата.

КЦНА наведе дека санкциите воведени кон Северна Кореја немаат никаков ефект, а говорите на Трамп покажуваат симптоми на „хистерија и грч“.

Според најавите, до крајот на седмицата Трамп ќе замине во азиска турнеја, во рамки на која ќе ги посети Јапонија, Јужна Кореја, Виетнам и Филипини.

Трамп и севернокорејскиот лидер Ким Џонг ун, во изминатите месеци повеќе пати разменија навредливи пораки.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/11/2017 20:18