Американскиот претседател Доналд Трамп најави укинување на лотаријата преку која што странци може да добијат зелена карта за престој во САД.
– Денес започнувам со процесот за укинување на лотаријата. Ќе побарам од Конгресот одма да започнат со работа за укинување. Таа програма изгледа добро, но не е добра и не беше добра, ние сме против тоа. Сакаме програма која што ќе се базира на бракови, луѓето кои се во брак да може да дојдат тука, рече Трамп.
Најавата за укинување на програмата за лотарија следува откако се откри дека мажот кој што го изврши нападот со автомобил во Њујорк, во САД пристигнал преку лотарија на која што добил зелена карта.