Царинската управа на Република Македонија во изминатите 10 месеци од годинава ги натфрли приходите за 7,8 проценти. Остварените приходи изнесуваат 64,5 милијарди денари што е за 4,7 милијарди денари повеќе од тој период минатата година.

– Царинската управа на Република Македонија во изминатите 10 месеци од годинава продолжи со успешна реализација на наплата на давачки при увоз како царина, данок на додадена вредност и акцизи и наплата на акциза не само при увоз, туку и во внатрешен промет, вели директорот на Царинската управа на Република Македонија Ѓоко Танасоски во интервју за МИА.

Тој додава дека успехот остварен при наплатата на приходите се должи на повеќе фактори, а пред се на зголемена финансиска дисциплина на сите учесници во трговијата. Според него, многу е важна и соработката со институциите кои вршат контрола на внатрешниот пазар, особено со Управата за јавните приходи и Државниот пазарен инспекторат.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/11/2017 10:20