Најавеното зголемување на акцизата кај нафтата од три денари од јануари 2018 година според гувернерот на НБРМ Димитар Богов, нема да има позначително влијание на инфлацијата која според НБРМ ќе изнесува два отсто.
– Имавме информации за промени на акцизата, но во нашата проекција не беше земена предвид бидејќи немавме конкретна бројка. Направивме брза проценка и сметаме дека директниот ефект не е многу голем. Индиректниот во овој момент не можеме да го процениме, затоа што дизелот се користи во добар дел од економијата како инпут. Сепак, остануваме на проекцијата од два процента и сметаме дека нема да има позначително нарушување, истакна Богов.
НБРМ, како што објави денеска, ја проектира инфлацијата на 1,3 проценти во 2017 година и на два процента во 2018 и 2019 година.