„Развијте го Вашиот бизнис: Проширете го Вашиот бизнис надвор од границите на земјата” е темата на вториот семинар „Жени во бизнис“, кој се одржа денеска во организација на НЛБ Тутунска банка, а во соработка со Европска банка за обнова и развој (ЕБОР).

Семинарот е дел од програмата „Жени во Бизнис“ финансирана од ЕБОР, Шведска, Луксембург и Специјалниот фонд на акционери на ЕБОР и имплементиран во соработка со НЛБ Банка АД Скопје.

На семинарот присуствува околу 40 преставнички и лидери на компании, кои имаа можност да добијат корисни совети за тоа како да го развијат и прошират својот бизнис надвор од земјата.

Кредитната програма за „Жени во бизнис“ е согласно договорот во висина од три милиони евра за поддршка на жените претприемачи во Македонија, помеѓу НЛБ Банка и Европската банка за обнова и развој (ЕБОР). Ова е дел од регионалната иницијатива за Западен Балкан – Жени во Бизнисот.

Оваа сеопфатна програма е креирана за промовирање на претприемништвото кај жените, помагајќи им на малите и средни претпријатија управувани од жени во пристапот до финансии и советодавни услуги, овозможувајќи им да остварат раст во работењето.

Програмата за „Жени во Бизнис“ е наменета и специјално фокусирана кон мали и средни претпријатија предводени од жени. Овозможува пристап до кредити во износ до 300.000 евра за финансирање на основни средства, но и на средства за тековно работење, по многу поволни услови, со рок на отплата до пет години.

Програмата воедно, нуди не-финансиска поддршка, преку советодавни услуги за изработка на бизнис стратегија, маркетинг, сметководство и информатичка технологија, вклучување во програма за менторство, како и континуирана поддршка на бизнисот, преку локалните советници.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/11/2017 23:13