Претседателот на Републичкиот изборен штаб на ВМРО-ДПМНЕ, Спиро Ристовски, во своето гостување во дневникот на ТВ Нова го коментираше настапот на премиерот Заев каде и обзнани на јавноста дека против двајца членови на владата на Република Македонија. Според Ристовски самиот факт што Заев има информации од претходна постапка која е тајна говори дека Заев е нарачетел на истрагите и во СЈО и во ОЈО.
Спировски вели дека е поразително и скрандалозно што актуелниот премиер кој е поставен, а не избран само за да ја одигра својата улога што тој обзнанува истраги на Основното Јавно Обвинителство. Тоа што тој знае за истражната постапка која според законот мора да бида тајна е доволен податок дека тој е нарачател на истрагите во ОЈО и во СЈО. Со ова премиерот ја докажа спрегата која тој ја има со обвинителствата додаде Ристовски.
Ристовски рече дека тој неможе да има такви доверливи информации, од ова е очигледно дека обвинителствата во Македонија се целосно под негова контрола заклучува тој.
Во гостувањето во дневникот на Телевизија Нова Спиро Ристовски разговаше и за покрената постапка против поранешниот градоначалник на оптина Ѓорче Петров од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Сокол Митровски. Тој истакна дека е катастрофално што денес еден од учесниците во вооружениот грабеж на Про Кредит банка јавно им се заблагодарува за своето ослободување на Зоран Заев и Ахмети, а поранешен генерал кој го бранеше Скопје е таргет на политички реваншизам на СДСМ. Тој ги прокоментира и ослободувањето на Бајруш Сејдиу и Агим Красничи како и бракањето од работа на социјално ранливи категории на граѓани од работа во општина Карпош и додаде дека сите овие популистички дејствувања само ќе го зголемат гневот кон СДСМ кај граѓаните.