„На ова прва прес конференција на Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“, после конституирањето на Советот на град Скопје, најпрвин изразуваме голема благодарност на досегашниот градоначалник на град Скопје Коце Трајановски за постигнатиот огромен успех во неговата работа во севкупниот развој на градот за доброто на граѓаните и нивниот подобар живот.

Коце Трајановски инвестираше во капитални проекти важни за скопјани, инвестиции кои се видливи и мерливи во инфраструктурата, булевари, водоводи и канализации, инвестиции во училиштата, инвестиции во нови паркови и зелени површини.

Покрај капиталните дела што се направени во неговиот мандат, Коце Трајановски на новиот градоначалник на Скопје му остави полна каса пари, полна благајна на градот со над 13 ипол милони евра и 6 милиони евра за градба на фасади на зградите или вкупно во денари EДНА МИЛИЈАРДА и 200 МИЛИОНИ денари или над 19 милиони евра, што преставува повеќе од половината од буџетот на градот Скопје. Овие пари мора да се искористат за капитални инвестиции и за развој на градот.

Освен солидната кондиција на градскиот буџет, сите Јавни претпријатија на градот Скопје, како ЈСП, Комунална Хигиена, Водовод и каналзација, Паркови и зеленило, Улици и Патишта, Градски паркинг и други се во добра финансисла состојба и ниту едно од тие претпријатија не работи со загуби. Сите претпријарија се опремени со современа технологија и средства за вршење на работите.

Тоа е импресивен успех во споредба со 2009 година кога при преземање на функцоијата во градот, сите јавни претпријатија беа целосно запоставени со 17 милиони евра загуби и катастрофално лошо опремени.

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата очекува од новиот градоначалник Петре Шилегов и бара од него, без исклучок, да бидат завршени сите ПРОЕКТИ за кои се обезбедени средства, и кои се градат за потребите на граѓаните и за функционирање на градот Скопје. Како и оние кои ги ветуваше во предизборието. Граѓаните очекуваат работа.

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата во наредниот период ке обезбеди соработка и ќе даде подршка на сите проекти што се од интерес на граѓаните на Скопје и се од пошироко значење за граѓаните. Но, Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата одлучно ќе се спротивстават на СЕКАКВА незаконитост и самоволие, на реваншизам и бркање од работа на градските службеници и нивно незаконско деградирање на пониски раборни места.

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ решително ќе се спротивстави на било какви обиди и заговарање на рушење на веќе изградени објекти и објектите од културното и историско значење на Македонскиот народ и на државата Република Македонија.

ВМРО-ДПМНЕ докажа дека е партија која создава и гради и нема да дозволи да се руши тоа што е изградено во градот Скопје. Нашата определба е да се гради, а да не се руши. Нашата порака е градите, а не рушите“, изјави Ирена Мишева.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/11/2017 00:00