Со 47 гласа за Моника Зајкова е избрана за претседател на младите на ЛДП. За досегашниот претседател на ЛИДЕМ и против кандидат Стефан Миноски гласаа 20 делегати.

Моника Зајкова вети промени и борба за младински права и политики, усогласени со Европските стандарди бидејќи, рече, сакаме европска младина. Се залага засовремено образование, декриминализација за употребата на марихуана, право на глас на 17 години, заштита на човековите и граѓанските права, интеграција на маргинализираните групи, екологија, и секако спортот како нејзина посебно драга област.

Новото раководство на ЛиДем, вети, ќе состави текст кој ќе содржи конкретни мерки кои ќе допринесат кон стимулирање на младите за редовно спортување и рекреација, подобрување на статусот на спортистите во општеството, борба против допингот и насилството во професионалниот спорт и тргање на рацете на централната власт од спортските федерации.

Моника Зајкова е магистер на правни науки со полжен правосуден испит.

Работи како советник во Комисија за европски прашања, Законодавно-правна Комисија, Комисија за надворешна политика, Комисија за економски прашања и Национален Совет за европски интеграции во Собранието на Р.Македонија.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/11/2017 23:10