„Владата на СДС си поигрува со здравјето на граѓаните. Неколку месеци не се набавуваат таблети и лекови за опасната болест маларија.
Никакви оправдувања нема да ја амнестира од одговорност владата за недостапноста на лекот против маларија во државата.
Заради негрижата на владата, граѓаните кои се засегнати да ги примаат овие лекови мораат да одат во некоја од соседните држави за да ги купат.
Очигледно ништо не се остварува од ветувањата дадени пред изборите од страна на СДС.
Ветуваа подобро, подостапно и бесплатно здравство, ветуваа живот, ветуваа 100.000 денари плата за докторите, а очигледно и после шест месеци не можат да набават ниту еден лек против маларијата. Новороденчиња умираат, а не се превзема ништо. Секојдневно читаме по медиумите се потрагични случаи на медицинска негрижа по болниците.
Шест месеци нема ниту еден проект и инвестиција во здравството, дури за сметка на тоа СДС ја стопираа и изградбата на клиничкиот центар во Скопје кој требаше да биде најмодерен според сите стандарди.
Граѓаните се оставени на милост и немилост од страна на владата на СДС. Ваквиот неодговорен начин на владеење и раководење со здравствениот сектор граѓаните ги чини живот“ се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.