Крајно безобразно и неодговорно е заменик министерот за животна средина, Јани Макрадули да ја префрла вината врз граѓаните за загадениот воздух во земјава.

Овие денови загадувањето во Скопје, Куманово, Тетово и другите градови неколкупати ги надминува дозволените граници, а Макрадули наместо да понуди конкретни мерки за итно за намалување на загаденоста тој ги обвинува граѓаните и нивните навики.

СДС на граѓаните на Република Македонија во текот на изборната кампања им ветуваат чист воздух и итни мерки за намалување на загаденоста, но веднаш по изборите како и се друго се испостави дека било лага и обично празно ветување.

СДС и Јани Макрадули треба да им се извинат на македонските граѓани и наместо да бараат разни изговори треба да почнат да ги исполнуваат дадените ветувања.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/11/2017 03:49