Претседателот на САД, Доналд Трамп изјави дека не ја помни ланската средба со поранешниот помошник во неговата предизборна кампања Џорџ Поападополус, кој се изјасни за виновен за давање лажни изјави пред Федералното истражно биро (ФБИ) во рамките на истрагата за наводната вмешаност на Русија во претседателските избори во САД во 2016 година.

Трамп ја оквалификува средбата со Пападопулос како „неважна“.

За време на предизборната кампања, Пападополус се сретнал со неименуван странски професор, поврзан со руската Влада, со цел да дојде до информации кои ќе и наштетат на ривалката на Трамп, Хилари Клинтон.

Тое е наведено како доказ од истрагата што ја води специјалниот обвинител Роберт Мјулер.

Пападополус на 5 октомври призна дека лажел при сведочењата пред ФБИ во во врска тоа кога имал средби со руски претставници.

Според обвинението, адвокат од Чикаго ги користел своите врски со професори и неименувани Руси со цел да организира состаноци меѓу луѓето кои работеле на кампањата на Трамп и руски владини претставници.

Во сведочењата пред ФБИ, дадени непосредно пред Трамп да стапи на должност, Пападополус навел дека имал состанок со професорот, пред да се вклучи во предизборната кампања на актуелниот американски претседател.

Истрагата на Мјулер утврди дека всушност тој се сретнал со професорот, откако започнал да работи на кампањата на Трамп.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/11/2017 04:24