Врховниот совет за радио и телевизија на Република Турција им ги одзеде правата за емитување на 17 медиуми.

Советот, исто така, ги отстрани предметните институции и од издавачката куќа.

Во соопштението испратено до медиумите не се наведени причините за одземањето на дозволите за работа.

Минатата година по неуспешниот воен удар им беа одземени голем број на дозволи за работа на медиумите кои Владата на Турција ги обвини дека се под контрола на исламистичкиот проповедник Фетулах Ѓулен.

Од Советот за радио и телевизија испратија предупредување до затворените медиуми.

– Ако се утврди дека продолжуваат емитувањата на каналите/фреквенциите даватели на медиумски услуги, и покрај прекинот на дозволата за радиодифузија, членовите на одборот на директори и генералниот директор на радиодифузните претпријатија и правните лица ќе бидат казнети со затвор од една до две години, како и со парични казни. Давателите на медиумски услуги кои ќе продолжат да работат без дозвола ќе бидат запечатени од Врховниот совет и ќе бидат затворени врз основа на „одредба“, стои во соопштението од Советот за радио и телевизија на Турција.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/11/2017 04:42