Новоформираната Антикорупциска комисија во Саудиска Арабија уапси најмалку 17 принцови и државни функционери, јавија светските медиуми.

Според информациите, тие се притворени во луксузни хотели, а не во затвори.

Меѓу уапсените е и принцот Алвалид бин Тала, милијардер што поседува 95 отсто од „Кингдом холдинг“, голема корпорација што има удели во глобални компании како „Твитер“, „Епл“, „Сити груп“ и „Њус корп“.

Уапсени се најмалку 38 поранешни и сегашни министри и заменици-министри. Сите се товарат за корупција.

Новата антикорупциска иницијатива е по наредба на кралот Салман. Според некои аналитичари, новата акција е дел од обидот на Салман да ги тргне своите роднини од врвот на земјата, која е најголем светски извозник на нафта.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/11/2017 04:43