Повеќе од 13 милиони документи под името Рајски документи откриваат како светската елита, политичарите и големите корпорации затајувале данок, се наведува во истражувањето на Меѓународното задружение на новинари.

Истражувањето беше фокусирано на имотот на моќниците, на скриените фондови и офшор сметки, кои откриваат таен свет во кои вртат милијарди. Документите откриваат дека оф-шор сметки имаат британската кралица Елизабета, за поврзаноста на соработниците на американскиот претседател Доналд Трамп со Русите, тајните зделки на соработниците на канадскиот премиер Џастин Трудо и уште 120 политичари и моќници.

Во Рајските документи се спомнуваат и големи бендови и мултинационални компании, како Епл, Најк и Убер, како и врските меѓу политиката, приватните бизниси и коорпоративните гиганти и нивните напори за избегнување за плаќање на данок.

Во следите денови се очекува објавување на низа документи. Највероватно извор на Рајските документи е Гигант Епибај, еден од лидерите во оф-шор работењето. Се претпоставува дека 13,4 милиони документи се украдени во кибер нападот минатата година,

Епибај, чие име се спомува во голем број документи, веќе објави дека се занимавал исклучиво со легални активности и оти пружа услуги на клиентите во рамките на меѓународното право.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/11/2017 04:47