Саудискиот принц Мансур бин Мугрин загина при уривање на хеликоптер, јави државната телевизија на Саудиска Арабија.

Хеликоптерот со кого се превезувел осум високи претставници на Саудиска Арабија се урна во близина на границата со Јемен.

Хеликоптерската несереќа се случи во моментот кога во Саудиска Арабија се спроведува акција против корупцијата, во која се уапсени 11 саудиски принцови, како и еден од најбогатите луѓе во земјата, милијардерот Алвадин бин Талал.

Не е познато дали Мугрин бил под истрага.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/11/2017 04:50