Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека „сигурно би бил отворен“ за состанок со севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун.

- Би се сретнал со секого за кого мислам дека треба. Не мислам дека тоа е сила или слабост. Мислам дека средбите со луѓе не се лоша работа, Така да сигурно би бил отворен за такво нешто, истакна Трамп во интервјуто емитувано синоќа на американската информативна програма „Полна мерка“, одговарајќи на прашањето дали би се сретнал со Ким.

Трам во моментот е во посета на Јапонија, една од петте земји кои ќе ги посети за време на 12-дневната азиска турнеја. Тој ќе ги посети и Јужна Кореја, Кина, Виетнам и Филипини, при што со лидерите на тие земји ќе разговара и за координирана полтика кон Северна Кореја.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/11/2017 04:51