Јапонската милионерка која уби тројца свои партнери за да ги наследи нивните имоти, денеска беше осудена на смртна казна.

Чисако Какехи (70) го доби прекарот „црна вдовица“ поради убивањето на нејзиниот законски сопруг и двајцата љубовници.

Тактиката на Какехи била да стапува во врски со повозрасни мажи, да обезбеди да и препишат имотот и потоа да ги убие користејќи го отровот цијанид.

Полицијата открила траги на цијанид во телата на двајца од тројцата мажи за кои се смета дека Какехи ги убила. Низ годините, Какехи заработила милионски суми од своите момчиња и сопрузи.

По долго негирање, Какехи во 2013 година призна едно од убиствата, по што денеска Судот во Кјото и изрече казна смрт со бесење.



Автор: Администратор
Објавено на: 08/11/2017 00:20