Во Агенцијата за вработување денеска ќе бидат доделени сертификати на невработени лица кои успешно го завршиле курсот „Службеник за сметководство“.

Курсот е дел од обуките за задоволување на побарувани занимања на пазарот на трудот, финансирани од ЕУ.

Сертификатите ќе ги доделат раководителот на Центарот за вработување на Град Скопје, Борче Божиновски и претставник од Конзорциумот на Поли Проект, ЛАРТ и Образовен Центар Визија, кој е спроведувач на проектот.



Автор: Администратор
Објавено на: 08/11/2017 11:11