Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески очекува Владата и кинески „Синохидро“ до крајот на јануари да ги завршат преговорите утврдување нов рок и дополнителни финансии за изградба на автопатот Кичево – Охрид.

– Договорот кој го склучила претходната Влада е автопатот да биде изграден до 31 јануари 2018 година. Ние сметаме дека е добро дотогаш Владата и ЈП за државни патишта да склучат анекс договор за продолжување на рокот и дотогаш да биде утврдена дополнителната цена која треба да ја има за да се догради автопатот, рече Сугарески, одговорајќи на новинарски прашања на прес-конференција на која беше најавена изградба на нов експресен пат. Според директорот на ЈП за државни патишта, Зоран Китанов, паралелно со преговорите со забрзано темпо се работи целата експропријација на земјиштето. Како што потенцираше, не треба да се брза изградба со неквалитетни проекти.

– Некој не видел 100 куќи на патот, некој не видел дека од Кичево до Охрид неможеш ниту да се симнеш ниту да се качиш, а нема клучки, рече Китанов. Поради избран и нецелосен проект настанал проблем и при изградбата на делницата Миладиновци-Штип каде на самата траса има 22 далновода. Според Китанов, до 1 следниот месец ќе бидат отстранети сите пречки за продолжување на изградбата на тој автопатот за кој Владата и „Синохидро“ со анекс договор го продолжија рокот за изградба до септември следната година и се обврзаа до 15 февруари да нема меѓусебни оштетни побарувања.

– Отстранети се речиси сите 22 далноводи, во добра соработка сме со ЕВН, се работи, ќе нема никаков проблем по 15 февруари и автопатот да биде завршен навреме. Имаме рок до 15 февруари, но сметам дека веќе до 1 декември ќе нема никакви препреки, информира Китанов. Првичкиот рок за завршување на оваа автопатска делница во должина од 47 километри, во вредност од 206 милиони евра, беше мај годинава.

За патот Скопје-Блаце, како проект што чека реализација многу години, според најавите од Сугарески и Китанов ќе има и автопатска делница и реконструкција. За проектот за автопатското решение досега со пари од инвестицискиот фонд за Западен Балкан се изготвени преминирен и финансиски извештај, како и извештај за сообраќај, студија за оправданост, стратешка оценка за влијанание врз животната средна и идеен проект. Во септември годинава се побарани дополнителни пари за да се завршат потребните геодетски и механички истражувања, како и за основен проект, студија со оценка на влијание на животната средина и за тендерска документација.



Автор: Администратор
Објавено на: 08/11/2017 13:33