Наместо живот за сите, градоначалниците на СДС донесоа поскапи паркинзи за сите, поскапа нафта, и најава за забрана за возење на постари автомобили.
Тоа е директен удар за економскиот стандард на граѓаните.
Наместо за проекти градоначалниците на СДС се натпреваруваат кој поштетна мерка ќе донесе за граѓаните. Наместо суштински проекти тие ја замајуваат јавноста со мерки со кој ги ограбуваат граѓаните.
Жално е што нивната неспособност ќе ја плаќаат граѓаните на Република Македонија.
Поскапувањето на паркингот значи отстапница и повеќе пари за матни зделки на кадрите на СДС додека граѓаните не добиваат ништо корисно.