Зоран Заев се обидува својата матрица на партизирање од чистачка до министер да го легализира со измените на законот за администрација

Зоран Заев се обидува својата матрица на партизирање од чистачка до министер да го легализира со измените на законот за администрација.

Тој и СДС предлагаат измени на законот преку кои ќе овозможат партиски вработувања и истовремено бркања од работа на вработените кои не се политички подобни.

Антиреформската влада на Заев и СДС на овој начин сакаат да ја срушат професионалноста на администрацијата и на таа сметка да инсталираат партиски послушници, газејќи ги европските стандарди и законските решенија донесени во согласност на експертската јавност.

Укинувањето на психолошкиот тест и меѓународните сертификати за познавање на еден од трите странски јазици само покажуваат дека не им е грижа за професионалноста и квалитетот во државната администрација, туку само за да олеснат и забрзаат процес на партиски вработувања и полнење на институциите со партиски кадри. На сметка на тоа преку измените на законот си отвораат пат за масовна чистка во институциите на сите кои не се подобни, односно немаат партиска книшка на СДС. Имено со новите измени предвидуваат дека со две негативни оценки добиени од претпоставениот, за кого е сигурно дека се партиски кадри на СДС, службеникот да може добие отказ без било каков приговор.

Патем за партиските послушници овозможува напредување во кариерата за неколку скалила со што директно го загрозува професионалниот МЕРИД принцип заснован на компетитивност, стручност и кариера градена низ годините. Со еден збор единствен квалитет за вработување и напредување во кариерата ќе биде партиската книшка на СДС, за која јавноста дозна дека ќе биде втората лична карта која ќе овозможува невидени повластици.

Впрочем ова Заев и го најави пред неколку години:

„Да им кажете Заев беше во Валандово и рече дека ќе ги бркаме од работа и тоа да го знаат“.

„Свесни сме дека ако сакаме да бидеме власт ќе влеземе тимски од хигиеничар до министер во секој ресор во државата и така имаме намера да ја водиме Република Македонија“

„Командирот на МВР во Струмица со книшка од СДС“

„Во Струмица овие 2.744 луѓе се вработени со одлуки на кадрови комисии на СДСМ, од хигиеничарот во Еленица до директорот во некоја институција кое што е под општината. Одлучува кадрова комисија на СДСМ, моја задача е да го отворам работното место, како градоначалник кој што СДСМ го номинирал за да биде мандатор да го води градот Струмица. А, кадрова комисија на СДСМ одлучува кој да биде вработен“.

Еве како СДС и Зоран Заев гледаат на реформите во администрацијата. Еве како Заев и СДС планираат да ја партизираат администрацијата после измените на законот.

Тие ќе јадат живи луѓе, ќе бркаат од работа, ќе вработуваат од чистачка до министер преку кадровата комисијата на СДС и сето тоа ќе го прават газејќи по судбините на луѓето, но најлошо дерогирајќи ја професионалноста и квалитетот на администрацијата.

Жртво од тоа ќе бидат граѓаните, институциите но и самата Република Македонија.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/11/2017 01:56