Алијансата за Албанците останува во владината коалиција, а за новиот министер за здравство ќе одлучуваат органите на партијата, изјави лидерот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села во емисијата „Патот кон“ на телевизијата „Алсат-М“.
– Ќе поставиме човек кој ќе ни го обели образот како што беше Арбен Таравари – рече Села.
Тој истакна дека ја застапува идејата министерот за здравство повторно да биде доктор и дека партијата има доволно кадри не само за ова министерство туку и за секое друго, каде што има потреба.
– Името на новиот министер треба да се дискутира во раководството на партијата. Јас сум за идејата да биде доктор – рече Села.