На денешната седница Владата на Република Македонија го разгледа предлог законот за изменување и дополнување на Законот за персонален данок на доход.

Со предложените измени и дополнувања на овој закон граѓаните веќе нема да имаат обврска да поднесуваат даночна пријава. Тоа ќе го прави УЈП, а граѓаните ќе треба само да ги потврдат или корегираат информациите во пријавата.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/11/2017 02:45