Ватикан денеска соопшти дека повеќе нема да се продаваат цигари во фри-шопот и во супермаркетот со што ќе се откаже од годишен профит од околу 10 милиони евра.

Поглаварот на римокатоличката црква, папата Франциск, наведе дека ваквата одлука ја донел затоа што Светата столица не може да поддржува активност што е штетна за здравјето на луѓето.

Во соопштението се наведува дека Светската здравствена организација тврди дека пушењето годишно предизвикува смрт на повеќе од седум милион луѓе ширум светот.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/11/2017 03:23