Конфронтацијата со Русија е главна движечка сила на сите напори на НАТО за прилагодување на своите воени потенцијали, оцени рускиот амбасадор во седиштето на Алијансата, Александар Грушко.
- Иако мерките за прилагодување на воениот потенцијал на НАТО се објаснуваат со потребите да се одвратат заканите од сите правци, очигледно е дека во сржта на тие напори лежи конфронтирањето со Русија, изјави синоќа Грушко, коментирајќи ги резултатите од дводневната средба на министрите за одбрана на земјите членки Алијансата во Брисел.
На средбата на министрите за одбрана одржана во средата и четвртокот, беше постигнат договор за нова командна структура на НАТО, со цел Алијансата „да се прилагоди на новите безбедносни предизвици“.