Демократскиот сојуз смета дека реформите во правосудниот систем треба да се забрзаат како битен предуслов за воспоставување нов систем на вредности и владеење на правото.

„Во оваа насока предлагаме да се редефинира улогата на Републичкиот судски совет, да се зголеми неговата самостојност, но и да се конкретизира одговорноста на Советот во целина и на членовите доколку вршат влијание и директно се мешаат во одлуките на судиите, да се укинат Законот за одредување на видот и одмерување на висината на казните, Законот за Советот за утврдување на фактите за одговорност на судиите, Законот за лустрацијата, да се и направат измени на Законот за заштитените сведоци, да се предвиди можност за отворање досиеја на заштитените лажни сведоци и да се донесе закон за преиспитување на судските одлуки кои се засновани на користење заштитен сведок, прислушкувани разговори или во постапката, било прекршено начелото на пресумпција на невиност со јавно апсење“, велат од ДС.

На овој начин, сметаат од партијата, ќе им се даде можност на фер судење на голем број граѓани кои беа предмет на кривичен прогон во фабрикувани случаи.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/11/2017 01:12