Пополнети се хотелите во Берово, Охрид и Скопје за новогодишните празници. Македонија станува се поинтересна дестинација поради што, според туристичките работници, треба да се размислува за зголемување на хотелските капацитети.

Првпат, на барање на туристите, организирана е и чартер група од Анталија.

Чартер авионите слетуваат во Скопје од каде се реализираат три или четиридневни програми низ Македонија.

Груби информира дека освен од странство, интерес за славење на претстојните празници тука има и од нашите граѓани. Тоа се должи, рече, на подобрената целокупна атмосфера во државата.

Од понудата за странство, земјите од регионот, Србија, Бугарија, Грција, Албанија и Црна Гора, се уште се најатрактивни за македонските туристи, но интерес има и за подалечните дестинации, Мадрид, Куба и Дубаи.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/11/2017 01:27