Уште еден огромен скандал за кој предупредивме пред извесно време ја тресе владата на СДС.
Зоран Заев и Драги Рашковски на 7-ми ноември по пат на непосредна спогодба, или народно кажано во 4 очи, му доделиле државно земјиште на Кочо Анѓушев кој пак е сопственик на фирмата „МХИ Тополки ДООЕЛ Скопје“.
Класичен пример на користење на полугите на власта за лично богатење на Кочо Анѓушев.
Драги Рашковски како генерален секретар лично му ја потпишал одлуката на вицепремиерот Анѓушев за доделување на земјиштето на долготраен закуп.
Но она што го прави овој случај уште поскандалозен е она што ние ја запознавме јавноста уште пред извесно време, а тоа е дека се изведуваа градежни работи на земјиштето многу порано од пред да биде доделено на седница на влада.
Очигледно кога се во прашање бизнисите на газда Анѓушев ниту важат, ниту се почитуваат законите. Анѓушев многу порано знаел дека ќе го добие токму тоа земјиште за да може лично да се богати.
Ова не е прв случај газда Кочо Анѓушев да ја користи својата вицепремиерска позиција за да лично да се збогати на грбот на граѓаните.
Да потсетиме дека веднаш по доаѓањето на позицијата си додели тендер на својата фирма преку државната ЕЛЕМ, за потоа да си донесе одлука да не се царини производ кој само неговата фирма го произведува во државата.
Спрегата Кочо Анѓушев - Зоран Заев - Драги Рашковски е класичен пример за една влада во која цветаат непотизмот, личните бизнис интереси на грбот на граѓаните и самоволието.
Кочо Анѓушев и Заев наместо да работат на полнење на своите лични банкарски сметки и да ја користат државата како свој личен имот, треба да почнат со решавање на проблемите на граѓаните и со реализација на проекти.
Наместо лично богатење, треба да излезат и да се соочат со над 1.700 вработени во „Фени Индустри“, „Еурокомпозит“ и „Колска“, кои секојдневно ги лажат дека ќе им ги решат нивните лични проблеми. Додека ги лажат дека ќе им ги решат проблемите, тие преку своите фирми се богатат на грбот на граѓаните.
Ова е начинот на владеење на СДС. Одамна беше јасно дека нивната желба за власт е само и само за личното богатење и личниот профит. Ваквиот начин на работа мора веднаш да прекине, а Кочо Анѓушев да си поднесе оставка и да прекине да се богати на грбот на народот.