ВМРО-ДПМНЕ не може да се помири со успешните економски политики на Владата предводена од СДСМ и затоа секојдневно шири лажни вести и ги плаши граѓаните со црни економски сценарија.

Сите категории на граѓани ги чувствуваат придобивките од успешното работење на Владата предводена од СДСМ, кое ги намалува непродуктивните трошоци, ги сервисира долговите и насочува повеќе пари кон граѓаните.

Потврда за тоа е и новиот предлог Буџет за 2018 година што е Буџет за граѓаните и обезбедува финансиска и економска стабилизација на државата, услови за раздвижување на економијата, сериозна поддршка за нови инвестиции и повисоки плати во клучните сегменти како образованието, безбедноста и социјалната заштита.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/11/2017 02:23