Сојузот на синдикати на Македонија преку соопштение тврди дека генералниот секретар на Европската конфедерација на синдикати Лука Висентини денеска упатил писмо до ССМ во кое дава поддршка за претстојниот Конгрес.

- Во врска со претстојниот Вонреден Конгрес на ССМ и информациите изнесени во јавноста за писмото упатено од Европската конфедерација на синдикати од страна на синдикатот на УПОЗ, Ве информираме дека генералниот секретар на ЕКС, Лука Висентини денес упати писмо до ССМ во кое наведува дека ЕКС ја цени заложбата на ССМ за единство на оваа организација, зајакнување на демократските процеси и дава поддршка на Конгресот и ги поздравува идните активности на Сојузот на синдикатите на Македонија во насока на градење на ССМ како независна, демократска и инклузивна организација, се вели во соопштението од ССМ.

Со ова, велат од ССМ, уште еднаш се потврдува дека Вонредниот конгрес се организира согласно претходно пропишаните правила, а во иднина, најавуваат измена на овие правила во консултација со меѓународните синдикални организации и гранските синдикати здружени во ССМ.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/11/2017 02:49