Еврокомесарот за проширување и добрососедска политика Јоханес Хан, на синоќешната конференција по повод Денот на медиумите во Тирана, наведе дека Европската комисија внимателно ги следи тешкотиите и предизвиците со кои се соочуваат новинарите од Западен Балкан.

– Слободата на медиумите е од фундаментално значење за Европската унија, за што не може да се преговара со ниту една земја-кандидат на нејзиниот пат кон Унијата, нагласи Хан.

Еврокомесарот истакна дека новинарството не е нешто што се развива изолирано, а независносто и слободното новинарство е од клучно значење за градењето на демократијата.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/11/2017 03:59