„ВМРО-ДПМНЕ смета дека во секоја држава за значајни прашања се води дијалог помеѓу партиите, но во рамките на државните институции и во моментов не ја гледа потребата ниту ја знае темата за друг вид на средби.

ВМРО-ДПМНЕ нема ништо против политички дијалог, но повторување на „Пржино“ во или надвор од Р. Македонија е непотребно и неприфатливо. Ние сме за разговори со парламентарното мнозинство, но преферираме тој дијалог да биде во рамките на државните имституции. За прашања како што е спорот околу името, остануваме на ставовите дефинирани во нашата програма.

ВМРО-ДПМНЕ се уште нема прецизни информации околу темите на кои би се разговарало во Париз, па во овој момент не би можеле априори да се произнесеме. Откако ќе се детализираат работите би излегле со конечен став во врска со евентуалните средби со партиите од мнозинството“ се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/11/2017 05:05