Домашни инвеститори, бизнис ангели и претставници на фондови денеска ќе присуствуваат на вториот јавен „Инвеститициски ден“ што ќе се одржи во просториите на Сеавус Инкубатор.

На „Инвеститицискиот ден“ ќе се презентираат бизнис идеи од страна на стартап тимови кои поминале низ пред-акцелераторската програма на инкубаторот. Предвидено е присуство на министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски.

Пред-акцелераторската програма на Сеавус Инкубатор има за цел да пренесе знаење и вештини кои ќе им помогнат на претприемачите во изработка на прототип, рано лансирање на производ или финансирање на својот бизнис. Досега седум стартап тимови работеле со докажани домашни и интернационални ментори - професионалци со различна експертиза за развој на производ, изработка на бизнис план, маркетинг, финансии, монетизација...

Програмата е реализирана во соработка со Швајцарската програма за претприемништво (#SwissEP), поддржана од Владата на Швајцарија и имплементирана од Swisscontact.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/11/2017 05:19