На Вонреден конгрес во Охрид денеска Сојузот на синдикати на Македонија ќе го избере новиот претседател.

Единствен кандидат е актуелниот в.д. претседател Дарко Димовски кој доаѓа од Синдикатот на СУТКОЗ.

Неговата кандидатура беше прифатена од страна на Советот и Претседателство на ССМ.

Покрај Димовски, за местото претседател на ССМ конкурираа и претседателот на УПОЗ, Пецо Грујовски и претседателот на Македонскиот полициски синдикат Ацо Антовски. Нивните кандидатури не поминаа на седницата на Претседателството на ССМ, според кое, тие не ги исполниле условите за кандидатура.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/11/2017 05:20