„Една од најголемите лаги на СДС е дека ќе донеле чист воздух. Наместо тоа илјадници граѓани се трујат секојдневно од загадениот воздух. Човечки животи се губат поради неспособноста на властите да се справат со загадениот воздух. ПМ 10 честитичките се најсериозниот убиец на здравјето на граѓаните.
СДС има апсолутна власт, 6 месеци по формирањето на владата немаат превземено ниту еден ефективен чекор за почист воздух. Тие наместо проекти прават неколку чекори наназад.
Го укинаа денот на дрвото со кој до сега се засадија над 36 милиони садници, ја замајуваат јавноста дека со поскапи паркинзи и забрана за движење на постарите автомобили на посиромашните ќе се исчистел воздухот, а во меѓувреме сечат дрва во паркот во Чаир и Карпош.
И додека ова се прави паркобраните ги нема, загрижените лажни соросови невладини организации молчат, а здравјето на граѓаните е во опасност. Владата на СДС и градоначалниците се директно виновни за загадениот воздух и фактот што не превземаат ништо околу негово справување“ се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.