Во текот на денешниот ден ќе се знае судбината на металуршкиот комбинат „Фени Индустри“ од Кавадарци. За денеска во Основниот суд во Велес е закажно рочиште на кое ќе се одлучува за отворање стечајна постапка во комбинатот, а и бугарски „Енекод“ до денеска има рок да достави нова подобрена понуда до банките, најголеми доверители во „Фени“.

– Се очекува до понеделник „Енекод“ да даде подобрена понуда кон банките, но и доколку тоа не се случи повторно сум оптимист дека и преку судска постапка ќе настане реактивирање на Фени за месец и половина до два.

– За компанијата има повеќе заинтересирани инвеститори, а погодува и цената на фероникелот која во моментов расте, изјави вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев во петокот.



Автор: Администратор
Објавено на: 13/11/2017 18:14