Владата на СДС ветуваше чист воздух, а граѓаните секојдневно се трујат со воздух позагаден од кога било.

Мерните станици на Министерството за животна средина и просторно планирање, регистрираат се повисоки концентрации на ПМ10 честичките.

СДС во програмата за Град Скопје на страна 2, вети „Здрава животна средина за сите – преземаме итни мерки за да обезбедиме чиста вода и чист воздух“, а Шилегов и Богоев ги стартуваа мандатите со сечење на дрва низ градот.

На страна 3 од програмата за Град Скопје, СДС вети – „Дојде време да ја подобриме животната средина“, додека пак на страна 7, - „Се обврзавме постојано и навремено да ги чистиме депониите и каналите, да вложуваме во колекторски системи, пречистителни станици, во регионални фабрики за третман на цврстиот комунален отпад и во енергетски ефикасни објекти“.

Локалните избори поминаа, а од сето ова граѓаните на граѓаните им остана загадениот воздух ризичен по нивното здравје и препораките помалку да се движат.

СДС наместо проекти, го укина и денот на дрвото, проект со кој до сега се засадија над 36 милиони садници. СДС ги манипулира граѓаните дека со поскапи паркинзи и забрана за движење на постарите автомобили на посиромашните ќе се исчистел воздухот, а во меѓувреме не излегоа од службените возила.

Владата на СДС и градоначалниците не презедоа ништо за да ги заштитат граѓаните од загадениот воздух.



Автор: Администратор
Објавено на: 13/11/2017 21:06