Меѓународниот монетарен фонд ја ревидира прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 3,2 на 1,9 отсто.

За следната година ММФ предвидува раст на македонскиот БДП од 3,2, а во 2019 година од 3,4 проценти.

ММФ во регионалниот економски извештај објавен денеска, наведува дека инфлацијата во Македонија годинава ќе биде 0,3 отсто, наредната 2,6, а во 2019 година 1,9 отсто.

Буџетскиот дефицит, според ММФ, годинава ќе биде 2,3 отсто од БДП, догодина 2,5, а во 2019 година ќе биде 2,8 отсто.

ММФ, исто така, предвидува натамошно намалување на стапката на невработеност од годинашните 23,4 проценти на 23,2 следната година и 23 проценти во 2019 година.



Автор: Администратор
Објавено на: 14/11/2017 00:35