„Либералната партија ја поздравува масовната акција на МВР и надлежните органи во локалите во Скопје, спроведена овој викенд.

Апелираме истите да продолжат со зголемен интензитет и да станат редовна пракса во иднина, и не само во Скопје туку и во целата држава. Бараме ваквите акции да се спроведуваат без попустливост кон функцијата или социјалниот статус на прекршителот, со крајна цел едукација и имплементирање на европските цивилизациски навики во животот на македонските граѓани.

Потсетуваме дека овие постапки треба да се спроведуваат само од надлежни институции согласно позитивните прописи“ се вели во соопштението на Либералната партија.



Автор: Администратор
Објавено на: 14/11/2017 01:47