Тие кои со криминал дојдоа на власт со криминал владеат.
Поминаа 4 дена откако од заканите од активисти на СДС врз родителите на еден од советниците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во Советот во Гази Баба, а МВР не реагира и не превзема мерки за санкционирање на сторителите.
Заканите биле упатени кон родителите на еден од советниците, на денот на конститутивната седница, која додека траеше непознати лица отишле во домот на родителите на советникот при што упатиле закана, цитирам: „Ако гласа за СДС да го добие Советот ќе добие убаво работно место и ќе биде богато награден. Во спротивно, ако не гласа за СДС крв ќе падне и молотови коктели".
Недозволиво е полицијата 4 дена да нема соодветна реакција и сеуште да ги бара силеџиите.
МВР со самото нереагирање и не преземање дејствија во насока на расветлување на случајот е директен соучесник во заканите. МВР на Спасовски се става во директна заштита на криминалци, заплашувајќи ги сопствените граѓани.
МВР на Спасовски е заштитник на силеџиите и криминалците.
Животот кој го најавуваше СДС донесе криминал, безредие и бандитизам по улиците низ градовите на државата. Закани и уцени се редовно средство со кое се служат партиските потрчковци на СДС охрабрени од моменталната власт.