Единаесет припадници на МВР добиле отказ поради „крвавиот четврток“ и насилството во Собранието на 27 април, кога беа повредени неколкумина пратеници и новинари. Според информации од МВР, завршена е дисциплинската постапка за 11 полицајци, по што им се врачени отказни решенија. Во тек се и други постапки за собраниското насилство, за што дополнително треба да бидат донесени дисциплински мерки.

По „крвавиот четврток“, настаните ги расветлуваше и јавното обвинителтсво и во меѓувреме беше покренато обвинение за обид за убиство на пратеникот Зијадин Села, а на четири години затвор беше осуден напаѓачот на пратеничката Радмила Шекеринска.



Автор: Администратор
Објавено на: 14/11/2017 02:28