Кошаркарите на Њујорк Никс ноќеска се поразени од Кливленд Кавалирс со 104:101 во натпревар одигран во „Медисон Сквер Гарден“.

Домаќините го загубија мечот и покрај водството што во еден момент изнесуваше 23 поени разлика (73:50).

Кливленд предводен од Леброн Џејмс во последната четвртина постигна 43 поени наспроти 25-те на Њујорк.

Џејмс натпреварот го заврши со 23 поени, 12 асистенции и девет скока. Во домашниот состав се истакна Тим Хардавеј со 28 поени, 10 скока и пет асистенции.



Автор: Администратор
Објавено на: 14/11/2017 10:50